Сите во исчекување на Суперкласико: Аргентинците го „запалија“ Мадрид (ФОТО+ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ривер плејт и Бока јуниорс конечно во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“ ќе го одигра реваншот во финалето на Копа Либертадорес.

Реваншот беше одложен дури четири пати, по што КОНМЕБОЛ немаше друго решение, освен да го премести дуелот на друг континент.

Првиот меч на „Ла Бомбоњера“ заврши 2-2, па вечерва сигурно нè очекува голем спектакл на „Сантијаго бернабеу“ по што ќе биде познат шампионот.

Навивачите на Бока и Ривер го окупираа Мадрид, а не бираа начин за да пристигнат до Мадрид и да купат карта за историскиот дуел.

Во продолжение може да погледнете неколку снимки како загревање за атмосферата пред почетокот на дуелот, кој е планиран за 20.30 часот.