Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Манчестер Сити на крилата на расположениот Серхио Агуеро славеше убедлива и лесна победа против тимот на Арсенал со 3:1.
Уште во првата минута домашниот тим дојде до водство откако Агуеро на одличен начин скокна и со глава го матираше Лено.
Сепак, „Топчиите“ брзо возвратија и во 11. минута преку Кошчиелни го израмнија резултатот. Тоа беше се од Арсенал на овој натпревар.
По неколку безуспешни обиди, Агуеро во 44. минута ја врати предноста на страната на Манчестер Сити, додека за третиот гол се чекаше до 61. минута.
Со оваа победа „Граѓаните“ дојдоа на два бода од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку, додека Арсенал падна на шестата позиција на табелата.