Сити лани ја освоија титулата, но во еден момент биле скршени поради – Јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити доминираше минатата сезона и стигна до титулата во Премиерлигата, но во самиот финиш беа поразени од градскиот ривал Манчестер јунајтед (3-2) и тоа ги вознемирило играчите.

Сити и Јунајтед во финишот на минатата сезона играа на „Етихад“, а на „граѓаните“  им беше потребна победа ја обезбедат титулата. Избраниците на Пеп Гвардиола беа одлични во првиот дел и водеа со 2-0, но на крајот беа очајни и Јунајтед направи пресврт со 3-2.

Во новиот документарец „Сè или ништо: Манчестер сити“ се зборува токму за тој пораз против Јунајтед. Гвардиола пред почетокот на дуелот кажа дека тимот мора да игра Давид Силва кој има тешки семејни проблеми, но на крајот сè заврши катастрофално.

Ситуацијата во соблекувалната беше пеколна, а играчите бараа изговори за поразот. Најгласен беше Фабијан Делф кој не внимавал на зборовите.

„Кога ќе изгубите натпревар сите мислат дека не сте трчале доволно. Тоа не е вистина. Не треба себеси да се обвините затоа што имаме одлична сезона. Фудбалот е комплициран и понекогаш неправеден. Мора да бидете на своето ниво до крајот затоа што ни недостига малку за да го завршиле тоа“, кажал Гвардиола.