Сити останува без 2 играчи, но се враќа капитенот!


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Дуелот на 2-та конкуренти за самата завршница на ЛШ, Барселона и Сити се игра во среда од 20:45.

    Овој натпревар е дерби во 3-то коло, а веќе ги „фрли“ во сенка денешните натпревари и тој е главна тема во моментот. Тоа што може да претставува проблем за гостите е тоа што Гвардиола нема да може да смета на 2 важни играчи.

    Сања и Делф се повредија, па затоа нема да бидат во конкуренција, но се враќа Компани, капитенот кој го пропушти почетокот на сезоната.

    Да потсетиме, Барселона е прва во групата со 6 бодови додека Сити има 4 бодови.