Скандал на повидок, УЕФА ја наместила ждрепката по желба на Реал Мадрид!? (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште не се смирени страстите по документите на „Фудбал Ликс“, а сега на повидок е нов голем скандал во европскиот фудбал и во центар на внимание е Реал Мадрид.

Во понеделникот во Нион беше одржана ждрепката за паровите во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Реал за противник го доби Ајакс.

Денеска новинарот на „ЕСПН“, Хорхе Рамос имаше тешки обвинувања на сметка на „кралевите“ и кажа дека ждрепката била наместена по барање на првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Рамос кажа дека лица блиски до Перез му кажале дека претседателот на Реал вршел притисок во УЕФА, па тие морале да му ја исполнат желбата и да го извлечат Ајакс.