Скаутите воодушевени: Реал во Скандинавија го пронајде новиот Ибрахимовиќ


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Алехандер Исак во својата татковина Шведска веќе ја доби титулата наследник на Златан Ибрахимовиќ, а вие веројатно не сте слушнале за него.

    Не е чудно бидејќи ова момче само што наполни 17 години, но веќе игра во најсилната лига на Шведска за АИК.

    Мадридските медиуми пренесоа дека скаутите на Реал Мадрид веќе претстојуваа неколку пати во Шведска и дека се воодушевени од младиот напаѓач.

    Исак во оваа сезона дебитираше во првиот тим на матичниот клуб, а за АИК одигра 17 мечеви и постигна шест погодоци.

    Висок е 190 сантиметри, но за разлика од Ибрахимовиќ е побрз и значително поподвижен.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=SgE_Lpq0INM