ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Веднаш по трансферот на Кутињо во Барселона многу медиуми во Англија и Франција излегоа со информации дека Ливерпул е пред ангажман на играчот на Лестер, Ријад Махрез.
Сепак, најдобриот медиум од Англија кога во прашање се трансфер шпекулациите, „Скај Спортс“ пред неколку минути пренесе дека Ливерпул не е заинтересиран за услугите на Алжирецот.
Од „Скај Спортс“ тврдат дека нема контакт меѓу Ливерпул и Лестер за Махрез и дека Јирген Клоп ќе бара замена за Кутињо оваа зима, но дека тоа нема да биде крилниот фудбалер на Лестер.
Во медиумите како „БеИн спортс“ и „Л’Екип“се појави шпекулација дека се е договорено и дека цената која Ливерпул ќе ја плати за Махрез е 50 милиони фунти, но од „Скај“ пренесуваат дека Лестер ќе бара повеќе од 50 милиони за да се ослободи од својот фудбалер.