Сколс ни откри тајна: Кој е најдобриот играч со кој што играл?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот играч на Јунајтед, Пол Сколс мораше да даде одговор на многу тешко прашање, а тоа е кој е најдобриот фудбалер со кој играл досега. Прашањето е тешко бидејќи легендарниот играч играше со многу ѕвезди во својата кариера.

    Сепак, тој одлучи да го избере Рајан Гигс со кој долги години ја делеше соблекувалната.

    „Би го избрал Гигс. Мислам дека 25 фудбалери би можел да изберам во овој момент, но Гигс е број 1. Тој играше одлично во големите европски натпревари. “

    „Тој беше одличен фудбалер. Можеше да направи се – да постигнува голови, асистира, игра добра одбрана или да биде добар во дуелите.“

    Да потсетиме, Сколс во дресот на Јунајтед одигра 718 натпревари и постигна 155 голови.