Сликата која го одбележа Ел Класико: Суарез го смирува Меси пред пресметката со Рамос (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона славеше со 1-0 во Ел Класико против Реал Мадрид на „Сантијаго бернабеу“, а во центар на внимание беше вербалната пресметка меѓу Серхио Рамос и Лионел Меси.

Меси е познат како мирен фудбалер, но ударот на Рамос по неговото лице и тоа како го налути, па реши да се пресметаат.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Луис Суарез го држи Меси, односно штом темпераментниот Уругваец се обидува да го смири Аргентинецот, тоа значи само едно…

Многумина сметаат дека ударот на Рамос бил намерен и провокативен, но стоперот на „кралевите“ помина без казна и кажа дека немал никаква намера да го удри Аргентинецот, па ги отфрли сите обвинувања кои беа испратени на негова сметка.