Со само една реченица: Малдини им стави крај на надежите на Фергусон и „Црвените ѓаволи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Паоло Малдини долго време важи за еден од најдобрите дефанзивци на светот. Тој беше голема желба на Манчестер Јунајтед, но сите напори на тогашниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон не успеаа Малдини да го донесат на „Олд Трафорд“.

Имено, во времето додека играше за Милан, Фергусон се обиде да го ангажира Малдини но одговорот на неговиот татко Цесар беше сосема јасен.

„Мојот дедо е Милан, татко ми е Милан, јас сум Милан и мојот син е Милан. Заборави“, беше пораката на постариот Малдини.

Паоло Малдини кариерата ја заврши во 2010. година, а со Милан освои дури 13 трофеи. Запиша и 126 настапи за репрезентацијата на Италија покрај седумте погодоци.