Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Матија Перин потврди дека сака да се пресели во Јувентус, а по интересот на клубот од Торино трансферот може да се реализира набрзо.
„Убаво е да се знае дека Јувентус е заинтересиран за тебе. Дали работата е готова? Не знам, но јасно дека би замина во Јуве ако добијам прилика. Набрзо ќе се знае се“- коментираше Перин.
Перин е свесен дека од Јувентус ќе му дадат шанса и на Шчезни кој минатата сезона беше резервна опција за Џиџи Буфон, но потенцираше дека е подготвен да се натпреварува со Полјакот.
25 годишниот Перин претставуваше најголема голманска надеж во Италија и сите го сметаа како наследник на Џиџи Буфон во репрезентацијата на Азурите. Сепак, пред две години се појави нов лик, Џиџи Донарума кон кого сега се свртени сите очи, па Перин остана малку подзаборавен.
Неговиот напредок го забави и тешката повреда која го оддалечи од терените речиси една сезона.