Солскјер го препороди Јунајтед: Фантастичниот Погба го нокаутираше Борнмут! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед игра како препороден под водство на привремениот тренер Оле Гунар Солскјер, па Норвежанецот стигна до „три од три“, откако денеска го совладаа Борнмут со 4-1.

Главна ѕвезда на мечот беше Пол Погба, кој постигна два гола и една асистенција. Французинот погоди во петтата минута по одличната акција на Маркус Рашфорд, а во 33. Минута зголеми на 2-0.

Потоа стрелец за „ѓаволите“ беше Рашфорд за 3-0, а Нејтан Аке намали на 3-1 по првите 45 минути игра на „Олд Трафорд“.

Јунајтед продолжи и во вториот дел со фантастичната игра, па Ромелу Лукаку ги постави конечните 4-1 во 72. минута.

Јунајтед во моментов има 35 бодови на шестата позиција на табелата во Премиерлигата, односно три помалку од петтопласираниот Арсенал, кој има 38.