Солскјер со 180 милиони евра ќе лови двајца таленти на Бенфика


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Португалскиот „Рекорд“ пренесува дека Манчестер Јунајтед планира да испрати богата понуда до Бенфика за да ги обезбеди услугите на едни од најдобрите фудбалери на клубот.

Еден од најголемите светски таленти, играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики, Жоао Феликс е првата трансфер цел на Солскјер, додека втората желба е Рубен Диас, фудбалер кој настапува во одбраната.

Ако се верува на португалскиот весник, Манчестер Јунајтед ќе треба да плати 180 милиони евра за да ги обезбеди услугите на двајцата фудбалери.