Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов би можел нова борба да има повторно против суперѕвездата од Ирска, Конор Мекгрегор и тоа на 13 април.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт најави дека реваншот меѓу двајцата борби би можел да се одржи во 2019 година, а ММА-тимот на Дагестан денес има мистериозна објава.
Тие на Твитер испратија порака за УФЦ 236, а дали тоа значи дека токму тогаш ќе ги видиме двајцата борци, ќе дознаеме многу брзо.
#UFC236 ?
— MMA TEAM DAGESTAN (@MMATeamDagestan) January 2, 2019
УФЦ 236 настанот е закажан за 13 април. Уште не е познато каде ќе се одржи, но во моментов е најважно дали на него ќе присуствуваат Мекгрегор и Нурмагомедов.
Да потсетиме, во првата борба Нурмагомедов го уништи Ирецот, па во евентуалниот реванш ќе биде голем фаворит.