„Срце и душа за Аргентина“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Аргентина успеа да стане светски шампион. Прв пат во 5-то учество во финалето на Дејвис купот тие стигнаа до трофејот, а последниот поен го освои Делбонис.

    Претходно Дел Потро со пресврт успеа да го победи Чилиќ со 3:2.

    „Се обидувам да верувам што се случи. Игравме за нашата земја, ги оставивме срцето и душата.“

    Аргентина во 5-от решавачки натпревар  успеа да победи со 3:0 и така да стане светски шампион.

    „Навивачите многу ни помагаа во секое коло. Во текот на дуелот со Карловиќ се обидов да ја задржам концентрацијата. Ова е нашата прва победа во 5 финалиња. За почеток, ова е најдобар момент во тенискиот живот на Аргентина.“