Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако на почетокот на сезоната беше најавено дека првиот меч ќе се игра во септември минатата година, сепак такво нешто не се случи, па беше одложено отворањето неколку пати.
Тие се надеваат дека во април ќе можат да го отворат стадионот, но ниту тоа не е сигурно. Трпението кај навивачите се губи, па управата на Премиерлигата соопшти дека шести мај е последен рок.
Главните работи на стадионот, вредни милијарда фунти, се одамна готови, но сега се прават сигурносни тестови.
„Постојат делови од стадионот, кои нема да бидат подготвени на време. Но, ако се направат сите сигурносни тестови, тогаш би можеле порано да го отвориме стадионот“, вели неименуван извор од клубот за „Дејли Мејл“.