Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг објасни зошто го напушти Ливерпул.
Стерлинг од Ливерпул се пресели во Манчестер Сити во 2015. година и сега е еден од главните играчи во составот на Пеп Гвардиола, а во меѓувреме малку ги боцна своите поранешни соиграчи и навивачите на клубот каде што стекна слава.
„Си заминав од Ливерпул за да играм со играчи што се најдобри на светот, како што се Агуеро, Силва, Туре…“, изјави Стерлинг, а неговата изјава може да се толкува како: „Во Ливерпул немаше играчи кои знаеа како да играат“.
„За да се развивам морам да играм со најдобрите и тоа е причината поради што сега сум овде. Не размислував многу кога дознав дека Сити е заинтересиран за мене“, додаде Стерлинг.