Стигна засилувањето во Манчестер, по грешка објави локација од мобилен телефон (ФОТО)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Бразилецот Фред денеска стигнал во Манчестер, па треба да стане прво засилување на Жозе Мурињо и според медиуми, ќе има наскоро лекарски прегледи.

Станува збор за фудбалер кој пристигнува од Шахтјор, а ќе ги чини„црвените ѓаволи“ дури 52 милиони фунти.

Фред е сега фокусиран на бразилската репрезентација и се подготвува за Мундијалот, но се случи да игра натпревар блиску до Манчестер, па реши пред почетокот на Светското првенство да го заврши трансферот.