Страхан повеќе не е селектор на Шкотска


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Искусниот фудбалски тренер Гордон Страхан го напушти кормилото на репрезентацијата на Шкотска откако островската репрезентација не успеа да се пласира барем во баражот на Мундијалот во Русија.

Шкотска во последното коло од групата Ф ремизираше против Словенија (2:2) и на табелата заврши зад Англија и Словачка. Доколку Шкотите победеа ќе обезбедеа место во баражот.

60 годишниот Страхан беше селектор на Шкотска од 2013 година, а претходно ги водеше екипите на Ковентри, Саутемптон, Селтик и Миделсбро.