Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англија успеа да ја победи Хрватска со 2-1 во дуелот од Лигата на нации, но хрватските медиуми се „запалија“ поради еден момент од натпреварот.
Фудбалерот на Ливерпул и англиската репрезентација, Гомез во моментот на изведување на аутот направил грешка, откако со едната нога ја преминал линијата, а по него Лингард постигна гол.
Судијата требало да ја запре играта и да досуди топка за Хрватска, но тоа не се случи, па потоа Англија го постигна и вториот гол и направи целосен пресврт.
Ако ги погледнеме правилата, тогаш ќе забележиме дека фудбалерот не смее при изведување на аутот да влезе во теренот.
Очигледно Гркот Сидиропулос не добил никакви инструкции од неговиот помошник, а самиот беше далеку од местото, каде што се изведуваше аутот, па резултатот остана да важи, а едно е сигурно, а тоа е дека – Хрватска е оштетена.