Суперлига – Работнички го најде лекот за Карпош Соколи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Работнички на домашен паркет го победија Карпош Соколи во натпревар од шестото коло од суперлигата, 79:74.

Taсовски и Мираковски погодија за плус пет на Работнички, 10:5. Работнички со четири поени во низа зголеми на плус шест, 17:11. Пенов и Лабовиќ погодија тројки за израмнување, 17:17. На другата страна Илиевски и Мираковски возвратија на ист начин, 23:17. До крајот на првата четвртина Мавра и Лабовиќ постигнаа четири поени во низа за 23:21.

Мишановиќ на почетокот на втората четвртина постигна четири поени во низа, 27:21. Соколите со осум поени во низа стигнаа до водство на натпреварот, 27:29. Пери и Зековиќ донесоа водство од плус четири, 35:39. На полувреме Карпош Соколи замина со предност од четири поени, 37:41.

Соколите преку Лабовиќ зголемија на плус шест, 39:45. Чековски со своите три поени намали на три негатива, 42:45. Мираковски и Чековски намалија на еден негатива, 46:47. Работнички постигна седум поени во низа за водство, 53:49. Чековски и Мишановиќ зголемија на плус шест, 57:51. Лабовиќ погоди за два, а Зековиќ тројка за влегување во последната четвртина со еден негатива, 57:56.

Лабовиќ и Зековиќ донесоа водство на соколите од три поени, 57:60. Шепа и Мавра зголемија на плус пет, 61:66. Работнички преку Чековски и Илиевски го израмни резултатот, 66:66. Ефремовски и Мираковски погодија три тројки во низа за 79:74.

Чековски со 22 поени го предводеше Работнички до победа. Мираковски додаде 18, а Илиевски 16 поени. Кај Карпош Соколи најефикасен натпреварот го заврши Лабовиќ со 24 поен. Зековиќ додаде 18 поени.