Сусо го продолжува договорот со Милан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Сусо е пред продолжување на соработката со тимот од „Сан Сиро“.

23 годишниот фудбалер се пресели во редовите на „Росонерите“ во 2015 година од Ливерпул и досега ги импресионираше сите со своите игри за Милан. Ова лето Сусо беше трансфер цел на неколку топ клубови меѓу кои Тотенхем и Атлетико Мадрид.

„Тутоспорт“ најавува дека во следните неколку денови Сусо ќе потпише нов двегодишен договор со Милан кој ќе го задржи на „Сан Сиро“ до 2012 година.