Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ со пригодна манифестација ја заокружи одличната натпреварувачка година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таеквондо клубот од Лескоец, Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ ја заокружи екстремно успешната година за клубот во која беа освоени бројни медали и признанија.

Првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски истакна дека оваа година се насочиле само кон поквалитетните турнири на кои оставиле одличен впечаток.

-2018 е една од најуспешните години во нашиот клуб. Најголем наш успех е завршување на спортската сала во која секојдневно тренираме. Прет почетокот на сезоната одлучивме да учествуваме на исклучиво квалитетни турнири со меѓународен карактер. Во однос на минатата година имаме помалку одличја, но повеќе вредат, бидејќи се остварени на ултра квалитетни турнири. Во годината што доаѓа ќе учествуваме на сите турнири, а првиот не очекува во февруари месец. – изјави Марјанчо Лазаревски.

Годинава што измина теквондистите на клубот освоија вкупно 86 медали, а веќе се направени плановите и за настапите и во следната година.

Натпреварувачката сезона ќе започне со традиционалниот семинар „Учиме од најдобрите“ со професорот сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол.

Потоа ќе следат натпреварите на неколку турнири како Србија Опен, Чешка Опен, Зворник Опен, Љубљана Опен, Романија Опен, а ќе се учествува на Европското првенство во Римини, Италија, како и на Светското првенство во Пловдив, соседна Бугарија.

Марјанчо Лазаревски за прв пат најави дека планира организирање на меѓународен ИТФ Турнир „Охрид Опен“ кој би се одржал на 22. јуни следната година.