Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Муртаз Ахмади, детето кое пред две години стана познато, откако се појавија неговите фотографии со дресот на Лионел Меси, кој го направи од кеси, денеска поминува многу тешки моменти.
Пријателството меѓу Меси и малото дете почна пред две години, а сега неговото семејство мора по вторпат да го напушти домот, кој се наоѓа на југоисточниот дел на Авганистан. Поради страв од нападот на талибанските војници, малиот Муртаз и неговото семејство го напуштиле домот на една ноќ и не успеале да го земат дресот на Меси.
Да потсетиме, ѕвездата на Барселона му подари на Муртази дрес, откако ги виде неговите фотографии на интернет, а потоа и го запозна детенцето во Катар, каде што Барселона играше еден натпревар.
Седумгодишниот Муртаз им ги „скрши“ срцата на останатите фанови на социјалните мрежи, откако кажа дека Меси му недостига.
„Ми недостига Меси. Кога ќе го видам, ќе му речам – Како си, Меси? Ќе отиде на теренот, каде што ќе игра и јас ќе го гледам“, кажало детенцето.
8 years old Murtaza Ahmadi was once known as “Messi boy”. He had made a “Messi 10” shirt out of a garbage bag & that took him to Messi. After his family was threatened by Taliban in recent fightings in Ghazni, they’ve now become homeless & internally displaced refugees in Kabul. pic.twitter.com/xlNpu240Ra
— Mustafa Kazemi (@CombatJourno) December 5, 2018