Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на Јувентус уште чекаат на дебитантскиот гол на Кристијано Роналдо, а се надеваат дека тоа може да се случи уште денеска кога „Старата дама“ игра против Сасуоло.
Португалецот на првите три натпревари за Јуве не успеа да погоди, иако имаше многу шанси. Јасно е дека е потребно некое време да се прилагоди Роналдо во новата екипа, а тоа не е случај со неговото синче Кристијано Јуниор.
Јуниор на своето деби постигна четири гола, а во истиот ритам продолжи и вчера, откако постигна пет голови.
Cristiano junior qui marque avec le numéros 11 ? pic.twitter.com/QtdQZsjlwk
— é メルセ (@jomds4) September 15, 2018