„Тенисот не ми е приоритет, важно е да сум среќен“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ беше поразен вчера од Чилиќ во ¼-финалето во Париз со 2:0 во сетови.

    Новак на тој начин му дозволи на Мареј со евентуален пласман во финалето на овој турнир да стигне до 1-то место на АТП листата.

    Сепак тој не се грижи многу, бидејќи вели дека тенисот не му е повеќе приоритет, туку важно за него е да биде среќен.

    „Приоритет? Постои разлика меѓу животни и тениски. Тенисот не ми е се во животот, приоритет ми е да сум среќен, да имам мир, да сум исполнет со радост, среќа и љубов. Потоа оди тенисот, кој сочинува голем дел од мојот живот, нешто што ме радува.“

    „Свесен сум дека сум на првото место, па другите играчи поминуваат многу време да ја анализираат мојата игра и начин како да ме победат. Тоа е неблагодарна позиција од таа страна, бидејќи другите се дополнително мотивирани. Тоа што ми останува е да гледам напред , тоа што се случи морам да го прифатам.“