Терористи планирале да извршат напад на натпревар на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ел Периодико“ пишува дека терористи планирале да извршат напади во Барселона по 17. август, а еден од нив требало да се случи на мечот помеѓу Барселона и Реал Бетис.

Детективите пронашле докази на телефонот на еден од џихадистите, Мохамед Хичами, кој имал фотографии од стадионот.

„Постои голема можност како за време на нападите во Париз, такво нешто да се случело во Барселона, но за среќа тоа било спречено“, кажал еден извор до „Ел Периодико“.