Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според извори на „Скај Спортс“, Вест Бромвич Албион со сите сили ќе тргне по централниот дефанзивец на Барселона, Томасе Вермален.
Белгискиот интернационалец во 2014 година се пресели од Арсенал во Барселона меѓутоа не се изнаигра во каталонскиот гигант најмногу поради големиот број на повреди кои го пратеа во тој период.
Вермален минатата сезона ја помина во редовите на Рома како отстапен фудбалер, а од актуелниот договор со Барселона му остануваат уште две години.
Покрај Вест Бромвич Албион интерес за Вермален има и од редовите на Кристал Палас.