До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
И англискиот Тотенхем се приклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Андре Гомеш.
Тотенхем сака да го засили средниот ред посебно по последните најави дека Дембеле можеби ќе го напушти клубот за да се пресели во Милан. Изборот паднал на Андре Гомеш кој не успеа да се снајде во Барселона по неговиот трансфер од редовите на Валенсија.
24 годишниот Гомеш има неверојатна откупна клаузула од 100 милиони евра, но сосема е за очекување истата да не биде активирана и Португалецот да замине од „Камп ноу“ за сума од околу 30 милиони евра.














