Тотнем му нуди богат договор, но ѕвездата сака да се пресели во Барселона или Реал!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотнем, Кристијан Ериксен ги одложи преговорите и потпишувањето на нов договор, иако му беше понудена двојно поголема плата, односно 140.000 фунти неделно, зашто сака да замине во Шпанија.

Данскиот фудбалер има соработка до 2020 година, а тоа значи дека во лето ќе биде достапен по солидна цена за двата најголеми шпански клубови, Барселона и Реал Мадрид.

Сепак, Тотнем нема намера да се откаже толку лесно од неговите услуги, па сака да го направи еден од најплатените играчи во клубот.

Ериксен  веќе пет ипол години настапува за лондонскиот гигант, откако за 12 милиони евра пристигна од Ајакс.