Трагедијата во Барселона го остави Емери без работа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само неколку минути по поразот на ПСЖ во Барселона од 6:1 во рамки на 1/8-финалето на ЛШ, Унај Емери, наводно, донел одлука да замине од ПСЖ.

ПСЖ имаше голема предност, водеа со 4:0 по првиот натпревар во Париз.

Во гости губеа со 3:0 против Барселона, но успеаа преку Кавани да намалат до 3:1 и да направат важен чекор за пласман во наредната фаза.

До 88-та минута на Барселона и беа потребни 3 голови, а потоа…

Историја, на Барселона тоа и успеа, начинот на кој го направија тоа сите различно ќе го протоклуваат, фановите на тимот ќе кажат дека тоа е чиста победа додека другите нема да се сложат поради некои сомнителни одлуки на судиите, а Емери беше на големи маки по натпреварот.

Ако може да им се верува на некои медиуми, Емери вечерва поднел оставка на тренерското место на ПСЖ.