Транспарент за кој зборува Италија: Огромна почит кон Буфон(ВИДЕО)


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фантастичен потег на навивачите на Јувентус.

    Голема почит кон легендата.

    Навивачите на Јувентус и тоа како знаат да ги ценат вистинските вредности, а кога станува збор за Буфон нема дилеми дека спаѓа во таа категорија, што можеше да се види на натпреварот со Удинезе во 8-то коло во Серија А.

    Навивачите одлучија за време на 2-то полувреме да постават транспарент во кој ја покажуваат поддршката за легендарниот голман, по неговите 2 грешки: во дресот на репрезентацијата(со Шпанија) и со клубот(со Удинезе).

    „Дури и Супермен понекогаш е само Кларк Кент. Џиџи ти си нашиот суперхерој засекогаш!“

    Јувентус го доби натпреварот против Удинезе со 2:1, иако примија гол поради грешката на Буфон.