Трансфер бомба: Обамејанг има нов клуб, а тоа не е Реал или Арсенал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг е пред трансфер во кинескиот Гвангжу Евергранде.

Утрово се појавија информации дека кинескиот клуб се согласил да плати 72 милиони евра за трансферот на Габонецот. Обамејанг во претходните месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Арсенал, но прво стигна конкретна понуда од Кина која напаѓачот се решил да ја прифати.

Тренерот на Гвангжу, Фабио Канаваро го посакуваше Обамејанг уште летоска во Тианјин Теда, но тогаш до договор не дојде. Сепак, сега бројни кинески медиуми пренесуваат дека работата е завршена и прашање е само колку Габонецот ќе заработува во Кина, но тоа со сигурност ќе биде многу повеќе од она што моментално го заработува кај „милионерите“.