Трансфер на Ракитиќ во Јунајтед: Што мисли за ова агентот на Ракитиќ?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ во последно време се поврзува со заминување од Барселона.

    Последен во низата на клубови за кои се шпекулира е Манчестер Јунајтед, а поради целата приказна се огласи и агентот на овој фудбалер.

    Артуро Каналес изјави дека Ракитиќ е среќен во Барселона и дека има договор до 2019-та година.

    „Иван е многу среќен во Барселона каде што има одличен третман и договор до 2019 година. Тој сака фудбал и има само 28 години. Играше досега во Швајцарија, Германија и Шпанија и кој знае, можеби еден ден ќе биде подготвен да игра и во Англија. Сепак, засега тој е фудбалер на Барселона.“

    Ракитиќ оваа сезона играше на 9 натпревари за Барселона во Ла Лига и постигна 2 голови.