Тренер го моли судијата: Продолжи го мечот уште малку… (ВИДЕО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во фудбалот има тренер, кој е подготвен да направи сè што може за својот тим, па дури и да клекне на колена пред судијата.

Тоа го направи Нестор ел Маестро, тренерот на ЦСКА од Софија, во дербито против Лудогорец.

Судијата реши да го продолжи мечот само две минути, а Ел Маестро клекна пред судијата и го молеше да го продолжи дуелот уште малку. На крајот средбата, сепак, заврши 1-1.

„Жал ми е што реагирав на таков начин. Само сакав мојот тим да биде третиран на вистински начин“, кажа тренерот.