Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберт Левандовски по четири години би можел да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во некој друг европски гигант.
Искусниот фудбалер покажа желба да замине од Минхен, а на адреса на неговиот менаџер Пини Захави стигнаа две понуди.
Двете се од Премиерлигата, Челси и Манчестер јунајтед, а наводно биле почнати преговорите со Захави за потенцијален трансфер на полскиот напаѓач.
Сепак, Левандовски има поинакви планови. Неговата желба е Реал Мадрид, но не е познато дали „кралевите“ се заинтересирани за него во моментов.
Левандовски за четири години во дресот на Баварците постигна 151 гол во 194 настапи.