Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид не игра најдобро сезонава, па тие се далеку од Барселона во шпанската Ла Лига, а неколку од фудбалерите не се задоволни од тренерот Сантијаго Солари.
Тројца од нив ќе побараат трансфер во летниот проден рок, а прв од нив ќе биде Марсело, кој се поврзува со трансфер во Јувентус, каде што претходно замина Кристијано Роналдо.
Втор фудбалер, кој планира да замине од „Сантијаго Бернабеу“ е Марко Асенсио, кој привлече претходно интерес од англиските гиганти, па сигурно ќе нема проблем да најде нов клуб.
Иско е последниот фудбалер, кој би требало да го напушти Мадрид, откако не добива голема минутажа под водство на Солари и се надева на трансфер во Манчестер сити.