Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометниот клуб Охрид имаше одлична сезона зад себе во која го остварија својот најдобар пласман освојувајќи го третото место во Суперлигата со што си обезбедија настап на вториот по ранг куп во Европа, ЕХФ Купот.
Охриѓани за противник во ЕХФ купот го добија холандскиот претставник Волендам, а генерална проба пред овој двомеч ќе претставува токму турнирот во Струга каде РК Охрид се најде во група со Бешикташ од Турција и Алигсас од Шведска.
Двата натпревари помеѓу Охрид и Волендам ќе бидат одиграни во градот под Самуиловите тврдини и тоа на 2-ри и 3-ти септември.