Турците добија нов селектор


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кошаркарскиот сојуз на Турција постави наследник на Ергин Атаман кој ќе го води машкиот национален тим на Евробаскетот.

Поранешниот кошаркар на Ефес Пилсен, Улкер, Пинар Каршијак, Дарусафак и Бешикташ доби мандат до завршувањето ан ОИ во Токио 2020 година.

Уфук Сариџ паралелно со селекторската функција ќе продолжи да работи како тренер на Бешикташ затоа што сојузот не сакаше да го напушти клубот, а ниту управата на тимот не правеше проблеми за превземањето на националниот тим.

Новиот селектор на Туција има договор со Бешикташ до наредната година, по што би требало да се посвети на работата во репрезентацијата.

Да потсетиме, Туција е еден од домаќините на Евробаскетот, кој уште ќе биде оддржан во Финска, Романија и Израел.

ЕП започнува од 31 август до 17 септември.