Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Л`Екип“ пишува дека ПСЖ се вклучил во борбата за фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, кој има договор со клубот од Лондон до крајот на сезоната.
Не е исклучена можноста Ремзи да замине и зимава од Арсенал, зашто ПСЖ сака да плати за него примамливи 20 милиони евра, а наводно „топчиите“ би се согласиле на таквата понуда.
Фудбалерот од Велс ќе добие договор на една ипол година, но не е позната неговата плата во клубот од Париз.
Ремзи сезонава одигра 16 натпревари во Премиерлигата, а притоа постигна еден гол и шест асистенции за Арсенал.