Тухел потврди две нови засилувања во ПСЖ!

Тренерот на француски ПСЖ, Томас Тухел потврди утрово дека пристигнале двајца нови играчи.

Нови членови на екипата од „Паркот на Принцовите“ се камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг и шпанскиот лев бек Хуан Бернат.

Чупо-Мотинг во ПСЖ доаѓа од Стоук, а во редовите на францускиот гигант ќе има улога да го замени Едисон Кавани, кога нема да игра.

Овој 29-годишен напаѓач има играно за Шалке, Хамбург и Маинц, а токму од Германија пристигнува и Бернат, кој по четири години го напушта Баерн Минхен.