Уапсени 11 лица поради местење натпревари во Македонија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Единаесет лица се уапсени во меѓународната полициска акција на Словенија, Хрватска и Еуропол насочена против корупцијата во спортот.

Хрватските медиуми пренесоа дека на повеќе локации во Словенија и Хрватска се претресени 13 куќи, како и 15 возила и дека се уапсени 11 лица.

Истрагата е покрената уште во март оваа година, кога полицијата дошла до сознанија дека групата направила повеќе интернет страници кои биле дел од илегална платформа, наменети за пласирање повеќе милиони евра на наместени натпревари.

Членовите на групата се обвинети дека манипулирале со исходите на натпреварите во професионални фудбалски лиги во Србија, Македонија и Чешка. На основа на однапред договорен резултат, се обложувале со големи влогови во Азија и на тој начин обезбедувале високи парични добивки.