УЕФА почна постапка против Барселона


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) почна постапка против Барселона поради инцидентот на натпреварот во четвртфиналето од Лигата на шампиони против Рома.

УЕФА ја обвини Барселона поради тоа што навивачите на тој клуб фрлале предмети на теренот.

Случајот ќе биде разгледан на 30. мај, а истиот ден ќе се разгледа и случајот против Ливерпул.

Барселона во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ ја победи Рома со 4-1, а реваншот се игра наредната недела во Рим.