Уникатен дрес на Марадона продаден за неверојатна цена! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уникатниот црвен дрес на Наполи со број девет, кој го носеше легендарниот Диего Марадона е продаден на аукција во Торино за 12.000 евра.

Аргентинскиот фудбалер го носеше дресот на еден меч во италијанскиот шампионат во сезоната 1990/91.

Марадона секогаш го носеше бројот 10, но на гостувањето во Пиза (1-1) на 17 февруари 1991 година носеше број девет, поради тоа што му ја остави десетката на Џанфранко Ѕола.

На истата аукција беше продаден и дресот на Марадона од Наполи со број 10, но по цена од 6.500 евра.