Управата на Вардар „војува“ против Комитите: Енормно високи цени на билетите за историскиот дуел


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

 

Влезниците за натпреварот на нашиот шампион Вардар против Фенербахче во плеј-офот од Лигата на Европа ќе бидат пуштени во продажба утре, но неверојатен е фактот дека цените на билетите ќе бидат од 2.000 денари до 3.000 денари.

За Источната и Западната трибина цените ќе бидат „најефтини“ 2.000 денари, за југоисток, југозапад и североисток и северозапад по 2.500, а за Јужна и Северна трибина цените ќе изнесуваат по неверојатни 3.000 денари.

Само да напомене дека билетите за натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунјатед се поефтини кои вечерва ќе играат на нашиот стадион во рамките на Супер Купот.

Одлуката за цената на билетите секогаш ја донесува раководството на клубот, а во овој случај тоа е Самсоненко кој уште еднаш објави војна против комитите, не само со неверојатно високата цена, туку и со давањето на Јужната трибина за гостински фанови.

Навивачите на Вардар сметаат дека ова е бодење со прст во око од страна на клубот кон навивачите.