Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
По Лук Шо, кој стави потпис на нов повеќегодишен договор со тимот на Манчестер Јунајтед, уште еден Англичанец ќе ја продолжи верноста со „Црвените ѓаволи“.
Искусниот, Ешли Јанг ќе потпише продолжување на договорот од една година, па и во наредниот период ќе го носи дресот на „Ѓаволите“.
Јанг е капитен на Манчестер Јунајтед во отсуство на Антонио Валенсија, и редовно е меѓу најдобрите играчи на теренот. Може да покрива на неколку позиции, а Мурињо најмногу го користи на левата и десната бековска позиција.