Уште еден играч си заминува од Арсенал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека во следниве денови ќе си замине уште еден фудбалер на Арсенал.

Станува збор за Роб Холдинг кој би заминал во Барнли на шестмесечен заем. Наводно Шон Дајч бил заинтересиран во своите редови да го види младиот фудбалер кој повремено добива шанса од Арсен Венгер.

Ваков развој на настаните ќе има само ако „топчиите“ го обезбедат потписот на играчот на ВБА, Џони Еванс. За него интерес постоеше и од Манчестер Сити, но „граѓаните“ веќе го договорија Ајмерик Лапорте па се откажаа од услугите на поранешниот член на Манчестер Јунајтед.