Уште еден незабележителен настап на македонските претставници на ЗОИ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младата македонска нордиска скијачка, Викторија Тодоровска го освои 85. место од вкупно 90 натпреварувачи на трката во дисциплината  10 километри крос-кантри на Зимските Олимписки игри кои се одржуваат во ПјонгЧанг.

Нашата претставничка на целта пристигна со заостанување од седум минути и 57 секунди зад Рагнилд Хага која прва ја заврши оваа трка.

Тодоровска имаше време од 32:57.6 што беше подобро само од претставничките на Турција, Аргентина, Црна Гора, Северна Кореа и Чиле.

Со овој настап заврши турнирот за младата Тодоровска која беше пријавена само во дисциплината 10 километри крос кантри.