Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Марк Хјуз повеќе не е тренер на тимот на Стоук Сити. „Грнчарите“ играат под очекувањата оваа сезона и се наоѓаат во опасната зона на табелата во Премиер лигата.
Фановите веќе неколку недели бараа смена на Хјуз, а од таборот на Стоук се одлучија за ваков потег по денешниот пораз од Ковентри во рамките на ФА Купот.
„Сакаме да му се заблагодариме на Марк за се што постигна за клубот во последните четири и пол години, посебно во освојувањето на деветтата позиција во Премиер лигата три сезони по ред . Клубот ќе назначи нов менаџер наскоро, а до тогаш нема да има дополнителни коментари на оваа тема“- стоеше во официјалното соопштение на Стоук.