Фабрегас сака да се врати во Арсенал, а „топчиите“ му испратија јасна порака!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас кажа дека нема ништо против да се врати во поранешниот клуб Арсенал.

Фабрегас играше како тинејџер во дресот на Арсенал, а потоа се пресели во Барселона, но таму не добиваше голема минутажа, па сите помислија дека ќе се врати на „Емирати“, но тој им заби „нож во грб“ и се пресели во Челси.

Сепак, Фабрегас сега не е задоволен ниту во Челси по пристигнувањето на тренерот Маурицио Сари, па сака да се врати во Арсенал, од каде што пристигна јасна порака.

„Не сме заинтересирани за ангажирање на Фабрегас. Приказните во медиумите се само шпекулации“, кажа тренерот Унај Емери.